Дуелот кој би требало да го одлучи текот на натпреварувањето во Групата Ц. Австрија во воведот го совлада дебитантот на Европските првенства, Македонија, додека Холанѓаните беа подобри од Украина. Кој ќе слави во Амстердам најверојатно ќе оди во осминафиналето на мегдан со третопласираниот тим од групата Д, Е, или Ф, што јасно го отвора патот до четвртфиналето. Впечаток е дека нè очекуваат 90 минути исполнети со возбудувања.