Иако беше предмет на многу критики, новиот холандски селектор Франк де Бур ја заврши групната фаза со три победи ии најави дека „лалињата“ имаат што да кажат на овој шампионатот на Европа. Посебно импресионира формата на Депај и Вајналдум, а денес пак одбраната не прими гол, иако Македонија креираше многу шанси, погоди една статива, а беа и поништени два гола.