Дуелите на Холандија и Германија никогаш не биле пријателски, посебно оние по Втората светска војна која предизвика нетрпеливост, посебно кога се говори за односите кои Холанѓаните ги имаат кон соседите. Но, нема да се бавиме со бомби и уништувања; фудбалските пресметки спаѓаат во шлагерите на планетарно ниво, како што е онаа во финалето на Мундијалот во 1974 година во кое тогашната Западна Германија ги совлада „лалињата“ по пресврт, или пресметката во групната фаза на СП 1990 во Италија која се памети по простото однесување на Франк Рајкард кој тогаш го плукна Руди Фелер.