Натпреварот Англија - Велс е можеби најочекуваниот во групната фаза на ЕП во Франција. Додека Велс ќе сака да ја повтори добрата игра и победата над Словачка во првото коло, Англичаните ќе сакаат да ги излечат раните од разочарувачкото реми против Русија, кое стигна во последните мигови од натпреварот. Провокативни изјави имаше од двете страни, што уште повеќе ја подгреа атмосферата пред дуелот. Ова ќе биде 102. меѓусебен натпревар, а прв на големите натпреварувања. Англија доминира со 66 победи, наспроти 14. на Велс, а последната победа за Велшаните беше во далечната 1984 година, кога славеа со минимални 1-0.