Фудбалската репрезентација на Белгија со големи амбиции замина на Европското првенство во Франција, но по вчерашната елиминација од дебитантот Велс (1-3), по Англија, Белгија можеме да кажеме дека е селекцијата која најмногу потфрли и разочара. Да не бидеме погрешно разбрани, синоќа Бејл, Ремзи, Ален, Вилијамс и другарите од Чемпионшип им одржаа фудбалска лекција на прескапите фудбалски ѕвезди на Белгија. Па, после секој ваков неочекуван пораз секогаш со прст се покажува кон селекторот како главен виновник.