На мечот помеѓу Велс и Република Ирска, кој заврши без голови, црна точка беше повредата на Сејмус Колман, капитенот на Ирска. Гостинскиот фудбалер, Нил Тејлор брутално стартуваше врз ногата на Колман, што резултираше со тешка поведа и солзи на очите на неговите соиграчи.