Италијанците играат многу добро и заслужено обезбедија пласман во следната рунда на натпреварувањето. Прво, рутински ја завршија задачата против Турците (3-0), а потоа со истиот резултат ги совладаа Швајцарците, за кои се очекуваше да бидат понезгоден ривал. Но, тоа не значи дека тимот на Роберто Манчини ќе биде опуштен против Велшаните, бидејќи сакаат да завршат на првата позиција во групата А.