Прогнозите за групата Б на Светското првенство во Катар се јасни. Сите ја гледаат Англија како рутински освојувач на првото место, додека преостанатите три селекции ќе се борат за втората позиција. Иранците и натаму се најголеми аутсајдери во групата, па според прогнозите, средбата помеѓу Соединетите Американски Држави и Велс (понеделник, 20:00 часот) би можела директно да го одреди учесникот во осминафиналето, без разлика што е првото коло.