Да бидеме искрени - не очекуваме речиси ништо од Велс. Знаеме дека „змејовите“ ќе се „наострат“ против соседите од Велика Британија, но, освен борбеност, немаат многу аргументи, а тоа тешко дека ќе им биде доволно. На мечот против САД извлекоа бод бидејќи на ривалот му „тргна од рака“ во вториот дел, но сосема заслужено загубија од Иран со 2-0.