Украинската фудбалска репрезентација ќе биде следен противник на Македонија во квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2024 година, а за дуелот со „рисовите“ овој национален тим ќе има нов селектор.
Англиската фудбалска репрезентација имаше перфектен старт на квалификациите за Европското првенство и успеа да слави во двата натпревари против Италија и Украина. „Трите лава“ се први во групата, а навивачите со огромен оптимизам го чекаат и следниот циклус во јуни.
Големиот талент на англискиот фудбал, Џуд Белингем зборуваше за англиските медиуми по натпреварот со Украина (2-0) и рече дека во детството го обожавал Стивен Џерард, од кого бил секогаш одушевен.
Селекцијата на Англија се соочи со Украина на домашен терен и на легендарниот „Вембли“ славеше со резултат 2-0. Англичаните беа подобар противник , заслужено се радуваа на победата и се на првото место во групата.
Фудбалската репрезентација на Украина барем накратко го презеде првото место во групата 1 во Б конкуренцијата на Лигата на нациите, откако славеше на гостувањето кај Ерменија со убедливи 0-5 (0-1) во меч од петтата рунда.
Фудбалската селекција на Шкотска продолжува со одличните игри во третата сезона во Лигата на нации. Во рамки од групата 1 од Лига Б, островјаните имаа фантастична претстава пред домашната публика и со убедливи 3-0 (0-0) ја совладаа репрезентацијата на Украина.
Фудбалската репрезентација на Украина продолжи да победува во Лигата на нациите. Овој пат жртва на „жолто-сините“ беше Ерменија, против која се славеше сигурно (3-0), за прво место во групата од натпреварувањето на УЕФА.
Фудбалската репрезентација на Украина со победа на гостински терен кај Ирска (0-1) ја отвори новата сезона во Лигата на нациите во која влегува по болниот пораз и неуспешниот бараж за СП 2022 во Катар.
Репрезентацијата на Велс е последната европска фудбалска сила која што обезбеди пласман на Светското првенство во Катар, кое ќе се одржи во ноември и декември оваа година. Во финалниот бараж дуел островската селекција со минимални 1-0 славеше над Украина и така ја собра последната виза за учество на планетарниот собир.
Првпат по пола година, Украина неодамна заигра фудбал и продолжи да сонува за пласман на Мундијалот. Во заостанатото полуфинале од баражот за пласман во Катар, Украинците пред неколку дена ја разбија Шкотска во Глазгов и сега само еден меч ги дели од место на Светското првенство. На патот им стои уште едно гостување и уште една островска селекција – Велс.
Репрезентацијата на Украина успеа да слави на „Хампден Парк“ против Шкотска со 1-3 (0-1) во полуфиналниот бараж за пласман на Светското првенство. Натпреварот кој поради војната беше одложен и не се одигра во март им припадна на гостите кои ќе го предизвикаат Велс за последното европско место во Катар.
Околностите кои го следат последното полуфинале од европскиот бараж меѓу Шкотска и Украина за пласман на СП 2022 во Катар ви се добро познати и тоа ги става двата ривали во специфична положба.
Фудбалската репрезентација на Русија ја загуби и жалбата која ја поднесе до Судот за спортска арбитража (ЦАС) за исфрлањето од баражот за Светското првенство. Тоа значи дека „зборнаја“ и дефинитивно ќе остане без шанси да патува за Катар поради воениот конфликт.
Полуфиналниот натпревар од баражот за Светското првенство во Катар меѓу Шкотска и Украина е одложен. Натпреварот требаше да се одигра на 24 март на „Хемпден“ во Глазгов, но Украинците побараа од ФИФА одложување поради војната во нивната земја.
Двајца украински репрезентативци Андриј Јармоленко, кој настапува за Вест Хем и Виталиј Миколенко, членот на Евертон, ги осудија руските фудбалери, што не се огласуваат за војната во Украина.