Фудбалската селекција на Турција е едно од најголемите разочарувања на Европското првенство. Пред стартот на турнирот, бројни фудбалски аналитичари со суперлативи зборуваа за играта на турската репрезентација и ја сместија во селекциите кои имаат квалитети за високи дострели, а селекторот Сенол Ѓунеш беше голем оптимист и најави атак на финале, но Чалханоглу, Ундер, Сојунчу, Јилмаз..,без ниту еден освоен бод ги завршија настапите на континенталниот собир.