Се работи за меч кој може да одлучи дали Италијанците или Швајцарците ќе обезбедат директен пласман на Мундијалот. Европскиот шампион не одигра квалификациски натпревари во октомври, но имаше обврски во финалето на Лигата на нации на свој терен (во Торино и Милано). Очекувавме дека момците на Роберто Манчини ќе победат и во тоа натпреварување, бидејќи беа во фантастична серија, но Шпанците ја прекинаа нивната серија од 37 меча без пораз, па мораа да се задоволат со третата позиција која ја освоија со триумф над одличната Белгија. Швајцарците и самите се во одлична форма - пет натпревари без пораз, вклучувајќи го и септемвриското реми со „азурите“ - и во оваа пресметка влегуваат рамноправно со домашниот тим.