Убедени сме дека и Холанѓаните и Шпанците ги соборија вашите тикети пред еден месец. Тимот на Франк де Бур во Лигата на нации гостуваше кај Босна и Херцеговина и Италија и на двата меча беше 1-1, со тоа што на првиот сите очекувавме нивна победа, а на вториот пораз. Момците на Луис Енрике славеа против Швајцарија со 1-0, иако верувавме во поефикасен натпревар, а потоа, сосема изненадувачки, загубија од Украина на гости со ист резултат. Во пресрет на одлучувачките пресметки што следуваат во наредните денови, „црвената фурија“ го задржа првото место во групата 4 од Лигата А, додека „лалињата“ се трети во групата 1, но имаат само два бода помалку од водечката Полска.