Само десетина дена по поразот од Украина со 0-1 на „Хемпдон парк“, во мундијалскиот полуфинален бараж, шкотската фудбалска репрезентација, водена од Стив Кларк, претрпе уште еден тежок неуспех. Имено, во дуелот од третото коло на Лига Б на Лигата на нации, Шкотска загуби во Даблин од Република Ирска со 3-0 (2-0), што е голем удар за „келтите“ во островското дерби со Ирците.