Фудбалската репрезентација на Албанија беше на прагот да приреди изненадување на гостувањето на пријателскиот натпревар кај Шпанија, меѓутоа еден доцен гол (1-2) им пресуди на „орлите“ во Корнеља крај Барселона.
По ремито со Унгарија во претходното коло, фудбалската селекција на Англија го одигра еден од најдоминантните натпревари во мундијалските квалификации и со убедливи 5-0 (5-0) ја совлада Албанија на „Вембли“ и скоро сигурно си обезбеди ново учество на еден планетарен собир.
Фудбалската репрезентација на Англија во дуел за потврда на првото место ја пречека Албанија и во нешто повеќе од половина полувреме си ја заврши работата, затоа што има убедлива предност.
Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги анализира извештаите од натпреварите во кои имаше инциденти во рамките на квалификациите за Светското првенство.
Фудбалската репрезентација на Албанија го загуби клучниот дуел на домашен терен против Полска (0-1) и со тоа остана со скоро нереални шанси да обезбеди место на Светското првенство (СП) кое во 2022 година ќе се игра во Катар.
Неочекуван скандал се случи во соседна Албанија, а инволвиран е нивниот најуспешен селектор во фудбалската историја. Албанската влада му го одзеде дипломатскиот пасош на поранешниот селектор на фудбалската селекција на оваа земја, Џани де Бјази. Оваа приказна е бизарна, што побизарна не може да биде.
Фудбалската селекција на Англија со сигурни 0-2 се врати дома од гостувањето во Албанија, откако до трите бода во Тирана стигна преку головите на Хари Кејн во првиот и Мејсон Маунт во вториот дел.
Фудбалската репрезентација на Албанија приреди голем успех во Лигата на нации, откако вечерва стигна до посакуваната победа во клучниот меч против Белорусија (3-2) и како провопласирана селекција во групата во Лига Ц патува во Лига Б од новото натпреварување на УЕФА.
Вчерашниот натпревар меѓу Албанија и Франција беше последен квалификациски натпревар за двете екипи, а гостите ја потврдија првата позиција во групата со победата од 2-0. Воедно на вчерашниот дуел беше отворање на новата арена во Тирана, „Аир Албанија“.
Претседателот на македонскиот фудбал, Мухамед Сејдини, беше присутен на отворањето на новиот стадион во Тирана, „Ер Албанија“, во друштво на првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин.
Фудбалската репрезентација на Франција победи на гости кај Албанија (0-2) и завршува како лидер во квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое во 2020 година ќе се игра во повеќе земји.
Фудбалската репрезентација на Турција продолжи со одличните игри во квалификациите за ЕП 2020 и на домашен терен во Истанбул минимално ја совлада Албанија (1-0).