Новиот шампион на Премиер лигата, Манчестер Сити успеа со 100 бода да ја заврши тековната сезона. „Граѓаните“, предводени од Пеп Гвардиола, во последниот овосезонски натпревар во англискиот шампионат на гостински терен извојуваа минимална победа од 0-1 (0-0) против Саутемптон: Човек на одлука беше бразилскиот напаѓач, Габриел Хесус, кој во 94. минута од мечот на „Сент Мери“ успеа да ја пронајде празнината на домашната одбрана и да го совлада денес одличниот Форстер.