Капитенот на Лестер, Вес Морган со гол првенец оваа сезона носи големо водство на „лисиците“ во премиерлигашкиот натпревар против екипата на Саутмптон. По стартното надмудрување, во 38. минута столбот на одбраната на Лестер, Морган со прецизен удар со глава го матира гостинскиот голман Форстер.
Уште седум натпревари за екипата на Лестер Сити, до крајот на Премиер лигата и седмо небо за „лисиците“. Толку пречки ќе има екипата на Раниери пред да може да се прогласи за нов шампион во Англија.
Саутемптон направи неверојатен пресврт и успеа да слави против Ливерпул со 3-2, иако имаше негатива од 0-2 по првото полувреме. Мане со два гола и Пеле беа хероите на „светците“ во неверојатната фудбалска приказна на „Сент Мери“.
Фелипе Кутињо игра во голема форма и заслужи повик на селекторот Карлос Дунга во бразилската репрезентација во квалификациите за СП во Русија 2018. Попладнево против Саутемптон постигна нов многу убав гол за водство на „црвените“ на Јирген Клоп на гостувањето на Саутемптон на Роналд Куман.
Четвртиот судија на натпреварот помеѓу Саутемптон и Борнмут, Кевин Френд на полувремето беше префрлен в болница поради здравствени проблеми. Имено, тој се онесвести и при падот ја удри главата, па по пружената лекарска помош на стадионот беше префрлен во болница.
Во најинтересниот денешен дуел од 27. коло на англиската Премиер лига, лондонскиот тим, Челзи во фуриозен финиш ја совлада домашната екипа на Саутемптон со 2-1.
Попладневната програма од 26. коло на Премиер лигата мина во знакот на изненадувањето на „Гудусон парк“ во Ливерпул. Вест Бромвич Албион го совлада Евертон на Роберто Мартинез со 0-1 со голот на Рондон во 14. минута.
Во последниот денешен дуел од 25. коло од англиската Премиер лига, екипата на Саутемптон успеа да му возврати на Вест Хем за поразот од нивниот прв дуел оваа сезона, кога тимот на Билиќ беше поуспешен, победувајќи со 2-1. Момците на Куман на денешниот дуел оствари тесна, но многу значајна победа од 1-0 (1-0).
Синоќа, Арсенал и Саутемптон одиграа натпревар во рамките на Премиер лигата, кој заврши без голови (0-0), а натпреварот го одбележа вербалниот судир на двата менаџери, Арсен Венгер и Роналд Куман, кој се случи во тунелот по завршувањето на мечот.
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед во 23. коло на Премиер лигата на својот „Олд Трафорд“ загубија со 0-1 (0-0) од Саутемптон. За гостинските фудбалери денешната победа беше трета во серија.
Холандскиот прволигаш Твенте, се наоѓа пред парична казна и одземање на бодови, заради неправилности во трансферот на српскиот фудбалер Душан Тадиќ, во Саутемптон.
Арсенал сеуште не е дораснат за титула. Тоа го докажa денешниот меч против Саутемптон, во кој „топџиите“ одиграа далеку од нивото на коe сме навикнати да ги гледаме оваа сезона. Екипата на Венгер доживеа уште еден дебакл, а Французинот никако не попушта и не ангажира нови дефанзивци. Казната ја плати на ова гостување, каде Саутемптон ги искористи сите можни грешки на одбраната и победи на крај со убедливи 4-0.
Прекрасен гол на дебитантот во екипата на Саутемптон, Куко Мартина, за водство на „светците“ од 1-0. Одбиената топка од одбраната ја пречека младиот Холанѓанец, кој потсети на Тиери Анри во најдобрите времиња.
По победата над Саутемптопн (1-0), херојот на Кристал Палас, Алан Пардју, им се придужи на верните навивачи во локален паб и го прослави триумфот со пиво и навивачки песни. Причината за прославата беше 10-годишнината на клубот на навивачи, а Пардју и играчите со победата на „Селхурст Парк“ им дадоа дополнителна радост на навивачите.