Манчестер Сити има приоритети, тоа се секако Лигата на шампионите и Премиер лигата, но нема сомнеж дека некаде во главите на навивачите, фудбалерите и стручниот штаб се провлекува идејата за тројна круна. „Граѓаните“ и покрај киксот и ремито без голови со Кристал Палас се водечка екипа во англиската елита, во европската А продукција се главни фаворити за трофејот, а додека не продолжат борбите на тие два фронта, ги чека четвртфинале на ФА Купот против Саутемптон.