Барселона го совлада Кадиз со 0-4 (0-0), во натпревар од четвртото коло на Примера, кој беше долго прекинат во финишот заради здравствени проблеми на гледач на трибините и борба на лекарските служби да му го спасат животот. На натпреварот доминираше квалитетот на вицешампионот, посебно во вториот дел, кога и паднаа трите гола.