Италија се соочува со Малта во рамки на евроквалификациите, а и покрај аутсајдерската улога на островската селекција, предводникот на „аѕурите“, Роберто Манчини, бара комплетна претпазливост од својот тим.
Македонскиот репрезентативец и напаѓач на шкотски Абердин, Бојан Миовски синоќа одигра 78 минути за „рисовите“ во победата над Малта со 2-1 и беше асистент при првиот погодок на Ељиф Елмас.
Фудбалската репрезентација на Македонија ја оправда фаворитската улога и со домашна победа над Малта (2-1) ги стартува квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое во 2024 година ќе се игра во Германија. Со овој триумф, до кој се дојде во второто полувреме, „црвено-жолтите“ тргнаа успешно во нов европски циклус и воедно го продолжија позитивниот тренд против островјаните кој брои шеста победа во седмиот меѓусебен натпревар. Македонија е на врвот во групата Ц заедно со Англија која во дербито ја совлада Италија (2-1). Квалификациите за нашиот национален тим продолжуваат во јуни со домашен дуел против Украина, а во мартовскиот термин се игра пријателски натпревар против Фарски Острови.
Фудбалерите на Македонија со многу важен триумф го отворија циклусот квалификации за Европскиот шампионат, кој за две години се игра во Германија. Малта пружи силен отпор, долго го бранеше својот гол успешно, а потоа успеа да понуди и драма во финишот со доцен погодок.
Фудбалската селекција на Македонија имаше успешен старт на квалификациите за Европското првенство во Германија во 2024 година. Нашата најдобра репрезентација го искористи домашниот терен и пред скоро 10.000 навивачи на „Тодор Проески“ со 2-1 ја совлада Малта во првото коло од групата Ц.
Еден од столбовите во македонската одбрана, Ѓоко Зајков не го доигра квалификацискиот натпревар против Малта во Скопје. Одличниот стопер одлично си ја вршеше зададената задача, но во самиот финиш од натпреварот беше приморан да се пресели на клупата.
Селекторот на Македонија, Благоја Милевски, се најде во неочекуван проблем поради повредата на Аријан Адеми на последниот тренинг и играчот за врска не конкурира на натпреварот против Малта (2-1).
Македонските фудбалски репрезенативци со победа над Малтежаните (2-1) тргнаа во новиот евро-квалификациски циклус за пласман на турнирот во Германија во 2024 година. Иако долго време се мачеа, отпорот на гостите во Скопје пукна и мразот беше скршен.
Фудбалската репрезентација на Македонија го отвори квалификацискиот циклус за следното Европско првенство според планот, со победа над Малта во Скопје (2-1). Иако долго време немаше погодоци на „Тодор Проески“ и гостите солидно се бранеа, во завршниот половина час погодуваа Ељиф Елмас и Дарко Чурлинов за многу важно славје.
Малкумина очекуваа дека Македонија ќе се намачи да ја победи Малта, а селекторот Благоја Милевски ќе заработи црвен картон заради протести. Емоциите се зголемија откако прoтивникот намали на 2-1 и ги направи драматични последните десетина минути на дуелот во Скопје.
Репрезентацијата на Малта сериозно ја измачи Македонија и одигра респектабилен натпревар кој го загуби со 2-1 во рамките на првото коло на квалификациите за Европското првенство во 2024 година.
Репрезентацијата на Македонија потешко од очекуваното ја „скрши“ Малта за победо со 2-1 на стартот на квалификациите за Европското првенство. Откако доцна беше одлучен натпреварот, финишот понуди и драма. Малта се врати во игра, па тензијата се крена.
Фудбалската репрезентација на Македонија ја оправда фаворитската улога и со домашна победа над Малта (2-1) ги стартува квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое во 2024 година ќе се игра во Германија. Со овој триумф до кој се дојде во второто полувреме „црвено-жолтите“ тргнаа успешно во нов европски циклус и воедно го продолжија позитивниот тренд против островјаните кој брои шеста победа во седмиот меѓусебен меч.
Фудбалерите на Македонија експресно дојдоа до двојна предност, откако сè стана полесно по скршениот отпор на Малтежаните во Скопје. По Ељиф Елмас, публиката на националната арена „Тодор Проески“ ја израдува и Дарко Чурлинов.
Македонија го скрши отпорот на Малта и дојде до предност (1-0) во дуелот кој во рамки на квалификациите за Европското првенство (ЕП) се игра во Скопје.
Фудбалската репрезентација на Македонија се мачи против Малта во првиот натпревар од квалификациите за Европското првенство. По првиот дел немаше погодоци на арената „Тодор Проески“, додека со слично темпо се тргна и во продолжението.
Репрезентацијата на Македонија одигра бледо прво полувреме на стартот на евро-квалификациите против Малта (0-0). По првите 45 минути на националната арена „Тодор Проески“, избраниците на Благоја Милевски беа безидејни во нападот, премногу солираа и немаа решение во завршната фаза на нападите, па изостанаа погодоците.
Романската фудбалска легенда Миодраг Белодедиќ е присутен на Арената „Тодор Проески“ на натпреварот меѓу Македонија и Малта, како гостин на Фудбалската федерација на Македонија.
Благоја Милевски, селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, ги одбра единаесетмината со кои нашата селекција ќе ги отвори новиот циклус на квалификации, овој пат за пласман на Европското првенство во Германија.