Дали се сеќавате на првата пресметка на „коцкестите“ и „триколорите“? Тоа беше полуфиналето на Светското првенство во 1998 година на стадионот на Франција во Сен-Дени, во кое Хрватите со голот на сегашниот претседател на Хрватската фудбалска федерација, Давор Шукер, на полувремето имаа предност и играч повеќе поради исклучувањето на Лоран Блан. А, потоа, на сцена стапи Лилијан Турам, кој со два гола, единствени во 142 настапи, ги одведе „галските петли“ во финалето, а „коцкестите“ ги остави да тагуваат.