Репрезентацијата на Холандија забележа победа на пријателски меч кај Романија и ја совлада со сигурни 0-3 (0-0), како утеха за пропуштената шанса да игра на Мундијалот кој во 2018 година ќе се одржи во Русија.
Козмин Контра, новиот селектор на романската фудбалска репрезентација, го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за последните два меча од квалификациите за Светското првенство во Русија.
Од денес Кристоф Даум не е повеќе селектор на репрезентацијата на Романија. Нешто повеќе од една недела по поразот во Подгорица од Црна Гора со 1-0 со голот на Стеван Јоветиќ, романскиот сојуз и контроверзниот германски стручњак спогодбено го раскинаа договорот.
Селекторот на романската фудбалска репрезентација, Кристоф Даум на денешната прес-конференција експлодира пред новинарите и на провокативно прашање за неговата иднина имаше двеминутно излагање.
Репрезентацијата на Русија која е домаќин на Мундијалот во 2018 година, се повеќе е мета на критики поради лошите игри. Но, последната јавна критика сигурно дека тоа ќе добие на тежина, бидејќи е од Владимир Путин.
Романската фудбалска репрезентација се пожали од вчерашното гостување кај Казахстан дека дури 12 играчи биле ограбени во хотелот, каде што престојувале.
Германецот Криштоф Даум е нов селектор на Романија, откако Анхел Јорданеску си поднесе оставка по елиминацијата во групната фаза на Европското првенство во Франција.
Ветеранот меѓу тренерите Ангел Јорданеску ја напушти селекторската позиција на романската фудбалска репрезентација. Со договор на федерацијата и стручњакот, Јорданеску е ослободен од обврските по неговиот трет мандат на клупата на „жолтите“.
Кој можеше да претпостави по првиот меч меѓу Франција и Романија дека избраниците на Јорданеску ќе се вратат дома по првата фаза и дека нема да постигнат ниту еден гол од игра. Богдан Станку, кој ги даде двата гола од пенал на турнирот, не го криеше своето разочарување по поразот од Албанија.
Првата историска победа на албанската фудбалска репрезентација на завршните турнири на едно големо натпреварување, донесе големо славје во Лион, во Албанија, а и низ некои македонски градови.
Едно од разочарувањата на шампионатот сигурно е Романија на Ангел Јорданеску. По поразот од Албанија, Јорданеску го сумираше турнирот на своите фудбалери и тврди дека недостигаа само голови за на мечот со Албанија реалниот однос на силите да биде изразен и на семафорот.
Репрезентацијата на Албанија направи изненадување и во третото коло од групата А ја совлада Романија со 1-0 (1-0). Историска победа за албанските фудбалери, кои го остварија првиот триумф и го постигнаа првиот гол во својата историја на ЕП.
Албанија поведе против Романија и го постигна првиот свој гол на Европските првенства. На две минути пред паузата, Мемушај испрати центаршут, а највисок во скокот беше Садику, кој испиша историја во албанскиот фудбал (0-1).
Две девојки, кои го привлекоа вниманието на првите натпревари на албанската репрезентација со својот секси изглед, најавија дека повторно дека ќе бидат во публиката на денешниот дуел против репрезентацијата на Романија.
Селекцијата на Албанија во претходните две кола од групната фаза на ЕП забележа два порази, но со евентуален убедлив триумф вечерва против Романија има некакви шанси за пласман во осминафиналето.
По два несреќни порази албанската фудбалска репрезентација првиот гол и првите бодови на едно големо натпреварување ќе ги бара вечерва против Романија. Селекторот Џани де Бјази жали за малите детали кои не им дозволија на неговите фудбалери покрај симпатиите, да имаат и некој бод на своето конто.
Еден од најелитните спортски медиуми „ESPN“ синоќа ги преплави интернет странците ширум светот со својот гаф. Во промовирањето на својата програма за Европското првенство медиумот наместо знамињата на Романија и Албанија ги стави португалското и австриското, гаф што наиде на многу исмејување кај фудбалската јавност.