Со чартер лет до Букурешт, македонската фудбалска репрезентација утрово ќе полета кон почеток на нов квалификационен циклус. Имено, по третото место во евро-квалификациите и пласманот на Европското првенство преку Лигата на нации, избраниците на Игор Ангеловски гостуваат кај Романија на стартот на мундијалските квалификации.