Германците мора да победат на овој натпревар. Да, да, знаеме - „панцерите“ во моментов се во фаза на гасеница која се претвора во пеперутка. Тие се чувствителни, збунети се, по „зилион“ години имаат нов селектор (Ханси-Дитер Флик), а со оној што ги водеше „векови“ (Јоаким Лев беше на клупата од јули 2006 година), не можеа да се пофалат со резултатите во последно време, па беа елиминирани во осминафиналето од Англичаните на ЕП. Исто така, нам ни е јасно дека тие загубија во овие квалификации од Македонија во март, и тоа дома. И да бидеме реални, Романија не е послаба од Македонија. Сепак, тоа не го менува нашиот став - сè освен кец ќе биде огромно изненадување.