Доколку се носеа заклучоци врз основа на премиерата во групата Д, Франција не би требало да има проблем во вториот круг. Во првиот беше разиграна, трчаше и пукаше против Австралија и со победата од 4-1 посочи дека има доволно ресурси да ја одбрани титулата светски шампион, дури и покрај тоа штоѝ недостигаат ѕвезди како Карим Бензема, Нголо Канте и Пол Погба,а од пред неколку дена и повредениот дефанзивец Лукас Хернандез.