Фудбалската репрезентација на Македонија ја заокружи најдобрата година со победа. Пред тимот на Ангеловски, падна Норвешка, која во Скопје е совладана со 2-0. „Црвено-жолтите“ го надиграа противникот и го совлада заслужено и ја завршија годината онака како што ја почнаа - со триумф. Во девет меча во 2017 година, Македонија има само еден пораз, три ремија и пет победи. Ангеловски полека ги склопи коцките на овој тим. Најдоброто од А-тимот, според резултатите, допрва доаѓа.