Скандинавскиот фудбал и денес нема свој изграден стил на игра. Влијанието најмногу влече од Велика Британија, но низ годините со честите натурализирања, шведската и данската селекција попримија многу повеќе континентален шарм, инвидуални квалитети, имагинација... Сепак, нивното место хиерархиски низ историјата е во вториот ешалон на светскиот фудбал, барем што се однесува до репрезентациите. Клубовите се едно скалило подолу.