Екипата на Тиквеш претрпе промени, откако остана без Ванче Шиков, а причината за разделбата беше несогласувања со управата. Некогашниот репрезентативен стопер истакна дека клубот и навивачите заслужуваат Прва лига, но не и актуелните предводници на кавадарчани, по што со реакција се јавија од „Лозарите“.