Следниот викенд продолжуваат натпреварите од двете Втори лиги, а овој викенд клубовите во источната и западната група го користат терминот за последните подготвителни натпревари. Есенскиот првак во ВМФЛ-Запад, Струга Трим Љум славеше со 2-0 во пријателскиот натпревар против Гостивар. Стружани, со погодоците на Дејан Цветаноски и Нијаз Лена, извојуваа сигурен триумф на дуелот игран во Скопје.