Екипата на Борец обезбеди директен дуел за ПМФЛ против Победа откако денес го победи Гостивар на комплексот „Петар Милошевски“ по изведувањето на пенали (5-4). Двете екипи не направија доволно за да се изборат за позитивен резултат во регуларниот дел, а трагичар во пенал завршницата беше Илирид Адеми, кој промаши во првата серија.