Гостивар долго време водеше во Лабуништа, се чинеше дека има сила да остане непоразен на уште едно дерби, како пред две недели во Битола, но тогаш „зелено-белите“ се разиграа. Најнапред Хасан Сунај израмни, а пред самиот крај со прекрасен погодок Петар Љамчевски ја донесе победата на екипата на Џигероски.