Главниот фаворит за освојување на шампионатот, тетовска Шкендија, со победа стартуваше и во Купот на Македонија. Заради новиот систем на натпреварување, тетовчани го прескокнаа првото коло, а во денешното деби во рамките од осминафиналето, го совладаа второлигашот Гостивар со 1-0 (1-0).