Гостивар одигра реми на гости кај Дрита (2-2) во Боговиње, а по натпреварот имало немили сцени, затоа што гостите биле нападнати и тепани. За целата ситуација сведочи претседателот на ФК Гостивар, Арлинд Беќири, кој истакна дека ситуацијата била прав крвнички напад и е греота македонскиот фудбал да трпи вакви силеџиски постапки.