Екипата на Гостивар продолжи да гради тим за највисоки дострели. Уште едно прволигашко засилување пристигна во лидерот во ВМФЛ кој полусезоната ја заврши без пораз.
Екипата на Гостивар заврши со полусезоната доста успешно. Тимот е на првото место во Втората лига и важи за главен фаворит за влез во елитата наредната сезона. Клубот мина низ сите турбуленции, тие сега се минато.
Фаворитите си ја завршија задачата и со победи ја спуштија завесата на есенскиот дел во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) во рамки на 15-тата рунда.
Ако извојува победа во дуелот против Караорман попладнево, Гостивар ќе замине на зимска пауза како есенски првак во ВМФЛ. По вчерашната победа на Вардар на Кожув „црвено-црните“ се водечки со два бода повеќе од гостиварчани, кои имаат уште еден натпревар до крајот на годината.
Екипата на Охрид загуби уште еден домашен натпревар во Втората македонска фудбалска лига. Пред своите гледачи охриѓани не го сочуваа водството од 1-0 и по пресврт беа поразени од лидерот на табелата Гостивар.
Второлигашот Гостивар повторно се соочи со проблем, навивачите „Кастриоти“ бараа од управата да си оди, по што добија одговор дека тие се политички диригирани, но, како што изгледа, се најде заеднички јазик.
Екипата на Гостивар игра во фантастична форма во новата сезона во Втората македонска фудбалска лига и е единствена без пораз по единаесет одиграни кола.
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) изрече нови казни за тепачката која изби на натпреварот меѓу Гостивар и Воска Спорт во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ). Комесарот за безбедност на гостиварчани, Адеми Арун, доби висока санкција за инцидентот.
Викендов во отсуство на возбудувањата во ПМФЛ, фокусот беше насочен кон ВМФЛ и деветтото коло. Во него се одигра дербито меѓу Гостивар и Вардар, но и уште неколку интересни пресметки.
Фудбалерите на Гостивар приредија подвиг и му го нанесоа првиот пораз на Вардар (1-0) во Втората македонска фудбалска лига. Најторфејниот македонски тим досега беше сигурен, имаше само едно реми, а сега го доживеа и првиот неуспех.
Во отсуство на елитниот ранг на фудбалот во Македонија, денес фокусот беше насочен кон ВМФЛ и средбите од деветтото коло. Воска Спорт e најголем „победник“ на колото, бидејќи го искористи триумфот на Гостивар над Вардар и го презеде врвот на табелата.
Во деветтото коло на Втората македонска фудбалска лига, дербито се игра меѓу Гостивар и Вардар. Првото полувреме мина со доста тензија, а домашната екипа прва дојде до предност со погодок од единаесет метри.
Прволигашите овој викенд паузираат, поради натпреварот меѓу Македонија и Саудиска Арабија, кој се одигра вчера во Абу Даби. Второлигашкото друштво ќе биде активно и ќе ги одигра мечевите од деветтото коло.
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар го чека дерби-дуел во Втората лига. „Црвено-црните“ кои се лидери на табелата гостуваат кај амбициозниот Гостивар, во првата меѓусебна пресметка на двата најквалитетни колектива во второлигашкото друштво.