Фудбалерите на Тотенхем го добија пријателскиот натпревар против ривалот Арсенал со 1-0 (0-0), во рамките на подготовките за новата сезона. Премиер лигата стартува следниот викенд, а прволигашките си договорија квалитетни тестови за овој. „Петлите“ на Нуно Еспирито Санто успеаја да го добијат неизвесниот дуел, кој го реши Хеунг Мин Сон.