Арсенал вчера ја прослави победата над Сандерленд со 3-1, со што екипата на Арсен Венгер се врати на второто место на табелата. Но, денес пристигна тажна вест од Лондон. Арсенал се збогува од Ерни Крауч, стравствен навивач на „топџиите“. Крауч, кој почина на 91-годишна возраст, повеќе од 70 години беше редовен навивач на својот сакан клуб, како на стариот „Хајбери“, сегашниот „Емирати“, така и на стадионите ширум Англија и Европа.