По европската елиминација во четвртокот, Арсенал им се врати на победите и побегна осум бода пред Манчестер Сити, со два натревари повеќе од актуелниот шампион. Лондонското дерби меѓу Арсенал и Кристал Палас беше рамноправно само во првите дваесет минути, кога Заха, со удар во стативата им се закани на „топциите“. Потоа момците на Артета се разиграа, постигнаа по два гола во двете полувремиња и славеа со 4-1 (2-0).