Со средбата меѓу Астон Вила и Шефилд Јунајтед на „Вила Парк“ беше означен рестартот на англиската Премиер лига. Домаќинот беше за нијанса поконкретен и подобар противник, но не успеа да го скрши отпорот на Шефилд.
Тренерот на Астон Вила, Дин Смит доживеа голема трагедија, бидејќи како последица од коронавирусот почина неговиот татко Рон. Како што пишуваат медиумите од Oстровот, дошло до компликации кои не успеал да ги издржи поради деликатната состојба.
Денешниот ден носи убави сеќавања за Садио Мане, напаѓачот на Ливерпул. Пред точно пет години, сенегалскиот интернационалец стана автор на најбрзиот хет-трик во историјата на Премиер лигата.
Еден од најтрофејните европски голмани, Шпанецот Пепе Реина, кој настапува за Астон Вила на позајмица од Милан, најави пензионирање во летото 2021 година. Тогаш ќе му истече и последниот договор и нема намера да потпише нов.
Во периодот кога се одвоени од клубот и немаат заеднички тренинзи, фудбалерите мораат да бараат свои начини како да тренираат во домашни услови и да ја одржуваат својата форма.
Искусниот шпански голман Пепе Реина, кој од оваа зима ги брани боите на Астон Вила како позајмен фудбалер на Милан, отворено зборуваше за своето искуство со коронавирусот.
Капитенот на Астон Вила, Џек Грејлиш денес доживел сообраќајна несреќа во Бирмингем со својот Ренџ Ровер. Иако самиот играч на социјалните мрежи повикуваше луѓето да останат дома поради пандемијата на коронавирусот, тој самиот не го испочитува својот совет.
Екипата на Астон Вила тоне сè подлабоко во премиерлигашката табела. Тимот од Бирмингем со големи амбиции се врати во англиската елита, во летниот трансфер период потроши солидна сума на пари за нови засилувања, но многу веројатно експресно ќе се врати во Чемпионшип.
Некои нечујно, а некои јавно го апострофираат како најдобар тренер на денешницата, а трофеите му даваат за право. Пеп Гвардиола со освоениот Карабао Куп, вчера попладне со Манчестер Сити, веќе е трет најтрофеен тренер на сите времиња.
Манчестер Сити го освои Карабао Купот трета година по ред, а Пеп Гвардиола се закити со 29-тата титула во кариерата. Победена е Астон Вила со 1-2, а стрелци на головите во финалето на „Вембли“ беа Агуеро и Родри.
Фудбалерите на Манчестер Сити го освоија вториот овосезонски трофеј во англискиот фудбал. Во големото финале на Карабао Купот, „граѓаните“ без многу проблеми се справија со жилавата Астон Вила и со победа од 2-1 се радуваа на нова титула.
Поранешниот англиски репрезентативец Даниел Стариџ кариерата би требало да ја продолжи во Премиер лигата или Чемпионшип. За него постои голем интерес од екипата на Астон Вила, која сака да го врати на англиско тло. Минатото лето голгетерот го напушти Ливерпул по шест години на „Енфилд“.
Иако беа големи фаворити, фудбалерите на Тотенхем во самиот финиш успеаја да го скршат бедемот на Астон Вила и да ја запишат својата единаесеттата победа оваа сезона во Премиер лигата. На гостувањето на „Вила Парк“, избраниците на Жозе Мурињо до победата стигнаа во 94. минута, откако фантастичниот Сон со својот втор денешен погодок ги постави конечните 2-3.
Астон Вила го изненади фаворитот Лестер и обезбеди борба за трофејот во Карабао Купот со победата на „Вила Парк“ од 2-1. Овој тим до триумфот дојде со гол длабоко во судиското продолжение, кога џокерот од клупата Трезеге го реши противникот. Претходно Астон Вила во четвртфиналето ги декласира младинците на Ливерпул (5-0).
Новиот член на Премиер лигата, Астон Вила денес се засили со поранеш светски шампион, потпиша со Шпанецот Пепе Реина. Голманот доаѓа на позајмица од шест месеци од Милан, откако Том Хитон поради повреда на коленото ќе отсуствува до крајот на сезоната.
Пепе Реина ќе го напушти Милан по година ипол минати на клупата од клубот. Тој беше донесен како резерва на Донарума и во неколкуте наврати кога доби шанса солидно ја оправда довербата. Во таборот на „росонерите“, голманот беше ментор на младиот колега, но и еден од луѓето кој правеа добра атмосфера во соблекувалната.
Бранителот на титулата во Премиер лигата, Манчестер Сити, славеше на гостувањето кај Астон Вила и тоа на убедлив начин (1-6) во рамки од 22. коло. Тимот на Пеп Гвардиола го искористи поразот на Лестер Сити за да се врати на втората позиција на табелата.