Четири од последните пет средби помеѓу Тотенхем и Астон Вила во Лондон резултираа со ГГ3+. Гостите од Бирмингем успеаја да слават еднаш, на крајот на предминатата сезона, додека Тотенхем победи на другите натпревари. Последен пат нерешено на стадионот на „петлите“ беше во февруари 2010 година, кога натпреварот заврши без голови. Тотенхем веќе повеќе од една деценија најмногу излегува како победник од пресметката со Астон Вила, а е и фаворит во натпреварот од 18. коло на Премиер лигата. Домашниот тим моментално е четврти на табелата, додека гостите се на 12. место.