Некогаш дуелите помеѓу Њукасл и Ливерпул беа крајно неизвесни, беа полни со голови на двете страни, беа решавани во самата завршница… Но, тоа сега делува како далечно минато, затоа што „страчките“ во никој случај не се конкурент на тимот кој ја брани шампионската титула, зад себе го има епитетот најдобар во Европа и во моментов е лидер во Премиер лигата.