Женската фудбалска репрезентација на Македонија на домашен терен високо загуби од Австрија (0-6) во рамки на второто квалификациско коло за Светското првенство (СП) кое ќе се игра во 2022 година и останува на дното во квалификациската група. По високиот пораз од Англија на „Сент Мери“ (0-8), следеше уште еден висок пораз на нашиот национален тим. Разликата во класи меѓу двата тима беше и тоа како евидентна, а Австрија покажа зошто е редовен учесник на големата сцена. Фаворитот до бодовите во Скопје дојде доста лесно, со допадлив фудбал и тотална контрола на играта. Квалификациите за Македонија продолжуваат во месец октомври, со гостински натпревар кај Летонија (23 октомври).