Челзи

Primary tabs

  • Гвардиола ја одбил понудата на Абрамович уште минатиот месец

    Англиските медиуми синоќа пренесоа информација дека Јозеп Гвардиола во средината на декември минатата година имал разговор од неколку часа со сопственикот на Челзи, Роман Абрамович, но ја одбил единствена понуда која му била ставена на маса. Станува збор за плата од 12 милиони фунти по сезона, која тренерот на Барселона би ја добил доколку се согласи да го води тимот од „Стемфорд Бриџ“.

  • Абрамович со нова богата понуда за Џон Стоунс

    Роман Абрамович подготвува нова богата понуда за дефанзивецот на Евертон, Англичанецот Џон Стоунс. Првиот човек на Челзи за талентираниот репрезентативец на Англија е подготвен да плати 45 милиони фунти и во преговорите со Евертон ќе инсистира трансферот да се реализира што е можно поскоро.

  • Азар не е сериозно повреден: Две недели пауза и се враќа за дербито со Арсенал

    Еден Азар ќе отсуствува две недели од фудбалските терени, откако ги повреди препоните на мечот против Кристал Палас во неделата.

  • Челзи на шампионски начин го „прегази“ Кристал Палас

    Во претпоследниот натпревар од 20. коло во англиската Премиер лига, во градското дерби тимот на Челзи беше поуспешен од Кристал Палас, победувајќи со 3-0 (1-0). По двата нерешени натпревари, против екипите на Ватфорд и Манчестер Јунајтед, оваа победа е прва откако на клупата на актуелниот шампион седна Гус Хидинк.

  • Наместо да игра, пак ќе се лекува: Фалкао уште половина месец во аут

    Челзи ќе остане без Радамел Фалкао барем до средината на јануари, бидејќи Колумбиецот ќе оди на дополнителна рехабилитацијата на колкот. Гус Хидинк пред неколку дена најави дека напаѓачот не е подготвен за игра, но не се надеваше дека ќе претрпи нова повреда на истиот колк во обид пред време да се врати на терените. 

  • Кога го нема Мурињо, и докторката Карнеиро се враќа во Челзи

    Ева Карнеиро има големи шанси да се врати во Челзи. Убавата докторка родена во Гиблартар го напушти клубот по конфликтот со Жозе Мурињо, но сега кога тој не е веќе на „Стемфорд Бриџ“ не постојат пречки да не се врати на своето работно место.   Карнеиро се закани дека ќе го тужи Челзи поради незаконското разрешување и нарушување на угледот, но таа може да ги повлече судските постапки и да се врати на „Стемфорд Бриџ“ веќе од наредната недела.   Гус Хидинк изрази позитивни вибрации околу можното враќање на Карнеиро во медицинскиот тим на Челзи, што е уште една најава за вистинитоста на најавите.

  • Челзи ќе проба уште еднаш со Погба

    Екипата на Челзи испрати уште една понуда за играчот од средниот ред на Јувентус, Пол Погба. Французинот е приоритет за „сините“, кој досега на два пати беше поврзуван со тимот од Лондон, но претходните обиди на Абрамович завршија неуспешно.

  • Фабрегас следното лето заминува од „Стемфорд бриџ“

    Цеск Фабрегас ќе се раздели со Челзи следното лето, пишува таблоидот „Дејли мирор“.   Весникот тврди дека репрезентативецот на Шпанија не е недопирлив кај новиот менаџер Гус Хидинк. Холандскиот стратег има намера да ги користи двата дефанзивни фудбалери за врска Немања Матиќ и Џон Оби Микел, плус само уште еден фудбалер со креативни карактеристики.

  • Челзи добива нов член во нападот

    Тренерот Гус Хидинк во јануарскиот преоден рок својот тим најверојатно ќе го засили со напаѓачот Патрик Бамфорд. 22-годишниот Бамфорд во текот на сезоната настапуваше како позајмен играч од Челзи во Кристал Палас.

  • Де Геа и Куртоа „царуваа“, Херера трагичар

    Можеби англиските медиуми предвидуваа досадни 90 минути, но Челзи и Манчестер Јунајтед сигурно не разочараа и го докажаа спротивното. Иако, конечниот резултат од 0-0 не го покажува тоа, сепак, шансите и возбудувањата не изостанаа. 

  • Мурињо е веќе во срцата на фановите на Манчестер Јунајтед

    Откако го напушти Лондон, Жозе Мурињо е секој ден поврзуван со столчето на Манчестер Јунајтед. Португалецот никогаш не ја криел желбата да застане на клупата на „црвените ѓаволи“, а досегашната работа на Ван Гал, уште повеќе му ја отвара вратата на „специјалниот“. 

  • Реал ги купува исвирканите од „Стемфорд бриџ“

    Според мадридските весници Фрацескеск Фабрегас ова лето би можел да направи сензационален трансфер во Реал Мадрид.

  • Атлетико Мадрид и Челзи преговараат за трампа на напаѓачите

    Џексон Мартинез ќе замине како позајмен играч во Челзи во јануарскиот преоден рок. Колумбецот му се приклучи летово на Атлетико Мадрид за 30 милиони евра, но постигна само 3 гола на 12 натпревари, кои ги одигра за „црвено-белите“ на Симеоне.

  • Фалкао: Немам намера да си одам, ќе се борам за место во Челзи

    Радамел Фалкао сака да остане во тимот на Челзи и да се бори за поголема минутажа кај новиот менаџер Гус Хидинк. Напаѓачот од Колумбија ретко добиваше шанси за докажување кај Мурињо, но смета дека за натпреварите за време на празниците, ќе биде од првата минута во тимот. 

  • Хидинг ќе добие пари за две засилувања оваа зима

    Гус Хидинг ќе добие финансиски средства за засилувања во јануарскиот трансфер период. Прво име во листата на привремениот менаџер на „сините“ е напаѓачот Џејми Варди од Лестер Сити.   Шампионот е подготвен да плати најмалку 30 милиони фунти за англискиот репрезентативец. Се претпоставува дека холандскиот стручњак ќе има пари и за еден дефанзивец, бидејќи одбраната на Челзи е и повеќе од ранлива оваа сезона.

  • Шахтјор и Челзи се договорија, недостига уште согласност од Алекс Тешеира

    Управата на Челзи постигнала вербален договор со фудбалерот на Шахтјор Доњецк, Алекс Тешеира и ако Бразилецот ги договори личните услови со клубот, во јануари ќе се пресели на „Стемфорд Бриџ“. 

  • Монтреал не прави проблеми, Дрогба ќе биде асистент на Хидинк?

    Челзи преговара со Монтреал Импакт да го ослободи Дидие Дрогба од постоечкиот договор, за да може да биде прв асистент на Гус Хидинк во клубот од „Стемфорд Бриџ“. Африканецот е во дилема дали да продолжи да игра или да започне тренерска кариера. Хидинк и Абрамовиќ инсистираат да го придобијат неговото мислење за да почне кариера на тренер. 

  • Хидинг: Дојдов тука да ги поправам работите во клубот

    Португалскиот стратег, Жозе Мурињо, отказот од Челзи го доби заради слабите резултати на тимот во домашното првенство. Жешката клупа на лондонскиот клуб ја презеде Холанѓанецот, Гус Хидинг, кој на клупата на Челзи ќе дебитира в сабота против тимот на Ватфорд.

  • Од никаде нов фаворит за клупата на Челзи: Пелегрини од јуни се сели во Лондон

    Според британските медиуми нов најсериозен кандидат за менаџерското место во Челзи е актуелниот менаџер на Манчестер Сити, Мануел Пелегрини.

  • Хидинг го одржа првиот тренинг

    Првиот тренинг, во кој поголемиот дел од фудбалерите на Челзи имаа слободен ден, Холанѓанецот Гус Хидинг го одржа само со Радамел Фалкао. 

Pages