Челзи

Primary tabs

  • Атлетико Мадрид и Челзи преговараат за трампа на напаѓачите

    Џексон Мартинез ќе замине како позајмен играч во Челзи во јануарскиот преоден рок. Колумбецот му се приклучи летово на Атлетико Мадрид за 30 милиони евра, но постигна само 3 гола на 12 натпревари, кои ги одигра за „црвено-белите“ на Симеоне.

  • Фалкао: Немам намера да си одам, ќе се борам за место во Челзи

    Радамел Фалкао сака да остане во тимот на Челзи и да се бори за поголема минутажа кај новиот менаџер Гус Хидинк. Напаѓачот од Колумбија ретко добиваше шанси за докажување кај Мурињо, но смета дека за натпреварите за време на празниците, ќе биде од првата минута во тимот. 

  • Хидинг ќе добие пари за две засилувања оваа зима

    Гус Хидинг ќе добие финансиски средства за засилувања во јануарскиот трансфер период. Прво име во листата на привремениот менаџер на „сините“ е напаѓачот Џејми Варди од Лестер Сити.   Шампионот е подготвен да плати најмалку 30 милиони фунти за англискиот репрезентативец. Се претпоставува дека холандскиот стручњак ќе има пари и за еден дефанзивец, бидејќи одбраната на Челзи е и повеќе од ранлива оваа сезона.

  • Шахтјор и Челзи се договорија, недостига уште согласност од Алекс Тешеира

    Управата на Челзи постигнала вербален договор со фудбалерот на Шахтјор Доњецк, Алекс Тешеира и ако Бразилецот ги договори личните услови со клубот, во јануари ќе се пресели на „Стемфорд Бриџ“. 

  • Монтреал не прави проблеми, Дрогба ќе биде асистент на Хидинк?

    Челзи преговара со Монтреал Импакт да го ослободи Дидие Дрогба од постоечкиот договор, за да може да биде прв асистент на Гус Хидинк во клубот од „Стемфорд Бриџ“. Африканецот е во дилема дали да продолжи да игра или да започне тренерска кариера. Хидинк и Абрамовиќ инсистираат да го придобијат неговото мислење за да почне кариера на тренер. 

  • Хидинг: Дојдов тука да ги поправам работите во клубот

    Португалскиот стратег, Жозе Мурињо, отказот од Челзи го доби заради слабите резултати на тимот во домашното првенство. Жешката клупа на лондонскиот клуб ја презеде Холанѓанецот, Гус Хидинг, кој на клупата на Челзи ќе дебитира в сабота против тимот на Ватфорд.

  • Од никаде нов фаворит за клупата на Челзи: Пелегрини од јуни се сели во Лондон

    Според британските медиуми нов најсериозен кандидат за менаџерското место во Челзи е актуелниот менаџер на Манчестер Сити, Мануел Пелегрини.

  • Хидинг го одржа првиот тренинг

    Првиот тренинг, во кој поголемиот дел од фудбалерите на Челзи имаа слободен ден, Холанѓанецот Гус Хидинг го одржа само со Радамел Фалкао. 

  • Мурињо за прв пат пред јавноста по отказот од Челзи

    Жозе Мурињо беше најспоменуваното име во последните 24 часа. Откако го напушти лондонскиот тим, никој не знаеше како Португалецот ја поднесе целата сага. Денес, за прв пат Мурињо беше забележан на натпреварот Брајтон - Мидлзброу. На клупата на Мидлзбороу веќе втора сезона седи бившиот помошник на Мурињо од периодот минат во Реал Мадрид, Аитор Каранка.

  • Хидинг потпиша и со Дрогба го „скенираше“ новиот Челзи

    Неполн час пред мечот од Премиер лигата помеѓу Челзи и Сандерленд, кој од клупата го водеше довчерашниот помошник на Мурињо, Стив Холанд, стигна потврда за ангажманот на Гус Хидинк. Холанѓанецот вчера пристигна во Лондон, потпиша договор до крајот на сезоната, со опција за продолжување ако има взаемна согласност, и ја даде првата изјава како тренер на Челзи во својот втор мандат.

  • Абрамович до играчите: Не сакав да го отпуштам Мурињо

    На денешниот тренинг на екипата на Челзи, присуствуваше Роман Абрамович, кој сакаше да им ја објасни на фудбалерите одлуката за отказот на Мурињо.

  • Еменало: Донесовме одлука со цел да го заштитиме Челзи

    Актуелниот шампион на Англија, тимот на Челзи, вчера соопшти дека го раскина договорот со португалскиот стратег Жозе Мурињо, а најголемата причина за разделбата ја објасни техничкиот директор, Мајкл Еменало, кој во клубот е од 2010 година.

  • Хидинк слета во Лондон!

    Синоќешните шпекулации добија потврда. Гус Худинк ќе биде наследник на Жозе Мурињо на клупата на Челзи. Недостига само официјализација и детали околу должината на договорот.

  • Мурињо му оставил 30 милиони фунти на Абрамовиќ!

    Жозе Муруњо според англиските таблоиди одбил да ги добие сите 40 милиони фунти, кои требало да му ги исплати Роман Абрамович поради предвременото раскинување на договорот. Португалецот ја одбил оваа варијанта со тоа што оставил овие средства да бидат вложени во ангажирање на нови засилувања, а спогодбено добил 10 милиони фунти. Но има и друга позадина во целата приказна. Со спогодбен договор каков што направи Мурињо, тој е слободен да бара нов ангажман, а немаше да биде ако инсистираше на стриктно почитување на договорот.    Понуди не недостигаат, па Мурињо би можел веднаш да седне на клупата не некоја позната екипа од Европа. Се распрашуваа Валенсија и Монако, во перспектива не се стабилни клупите на двата клуба од Манчестер, а и во Баерн ќе има сигурна тренерска смена на лето. 

  • Кежман: Хидинг ми откри дека е замената на Мурињо

    Поранешниот напаѓач на лондонски Челзи, Матеја Кежман, изјави дека не е изненаден од добиениот отказ на Мурињо иако португалскиот стратег е еден од најдобрите менаџери на светот.

  • Мурињо се крие од камерите по добиениот отказ

    Откако доби отказ, Жозе Мурињо, веднаш го напушти тренинг центарот на лондонскиот клуб.

  • Најдобри твитови за отказот на Жозе Мурињо

    Твитер е поплавен од твитови за отказот на Жозе Мурињо. Еве само дел од вкупно 200.000 такви.

  • Челзи: Жозе секогаш ќе биде „специјален“ за нас

    Лондонски Челзи официјално го раскина договорот со Жозе Мурињо. Португалецот е сменет на клупата на „сините“ поради лошите резултати оваа сезона. Оваа вест прво ја објавија многу странски медиуми, а потоа стигна и официјалното соопштение од клубот:

  • Оби Микел оваа зима се сели во турската Суперлига?

    Нигерискиот интернационалец Џон Оби Микел ќе го напушти Челзи во зимскиот преоден рок.

  • Мурињо: Некои фудбалери ме изневерија!

    Челзи синоќа загуби на теренот на лидерот Лестер Сити со 2-1, а менаџерот на „сините“ Жозе Мурињо потенцира дека ќе мора да поразговара со голем дел од фудбалерите за начинот на кој играат.

Pages