Челзи

Primary tabs

  • Челзи „лапна“ 30 милиони од продажбата на Рамирез

    Фудбалерот на Челзи, Луис Рамирез, кариерата ќе ја продолжи во Кина. Бразилецот ќе се пресели во клубот со голема финансиска моќ Џангсу Сунинг за сума од 30 милиони евра.

  • Гестот на Фабрегас, што ги налути навивачите на Арсенал

    Цеск Фабрегас е несомнено производ на школата на Арсенал, бидејќи Шпанецот израсна и се здоби со иксуство под „палката“ на Арсен Венгер. За екипата од Лондон одигра 212 натпревари, пред да се одлучи да направи трансфер во Барселона, во 2011 година. Откако не се снајде во редовите на својот матичен клуб, шпанскиот фудбалер одлучи повторно да се врати во Премиер лигата, овој пат во лутиот ривал на „топџиите“, лондонски Челзи. На вчерашниот натпревар, во текот на сите 90 минути, навивачите на Арсенал не престанаа со навреди кон некогашниот миленик. Сепак, на крајот последен се смееше Фабрегас, со провокативен гест, по завршувањето на натпреварот. 

  • На Венгер пак му се виновни судиите: Црвениот картон е груба грешка!

    Арсенал мораша да го предаде првото место во Премиер лигата по ова коло, отккао загуби во лондонското дерби од Челзи, само еден ден откако Лестер Сити изби на врвот. Францускиот менаџер на „топџиите“ Арсен Венгер не е најубеден во исправноста на судиската одлука, која го реши мечот.

  • Црвениот картон на Мертесакер го одлучи лондонското дерби

    Арсенал одигра разочарувачки на својот „Емирати“ стадион и загуби од Челзи со минимални 1-0 (1-0). Црвениот картон на Пер Мертесакер беше клучен момент во натпреварот, што беше и хендикепот, заради кој домашните фудбалери не успеаа да створат повеќе шанси. 

  • Навивачите на Челзи не престануваат да го исмејуваат Ивановиќ

    Управата на Челзи веќе размислува за продолжување на соработката со искусниот бек Бранислав Ивановиќ, бидејќи неговиот договор завршува во јуни оваа година. Познато е тоа дека политиката на шампионот на Англија е да не им нуди нови договори на своите играчи кои се постари од 30 години, но се претпоставува дека за Србинот ќе направат исклучок, каков што беше со капитенот Тери.

  • Абрамович во Марез ја гледа замената за Азар

    Англиските медиуми објавија дека Роман Абрамович ја најде замената за Азар, кој наскоро би можел да го напушти „Стемфорд Бриџ“.

  • Тери со гол од офсајд го спаси Челзи од пораз

    Џон Тери е спасителот на Челзи во денешниот дуел против тимот на Евертон. Кога сите очекуваа крај на натпреварот, Тери во 98. минута со гол со пета ги постави конечните 3-3 и успеа да ѝ донесе бод на својата екипа.

  • „Ел Чапо“ ќе се пазарел со Абрамович за Челзи

    Мексиканскиот нарко бос, Хоакин Гусман, познат под името „Ел Чапо“, сакал да го купи тимот на Челзи и за тоа бил спремен да одвои дури 900 милиони евра.

  • Челзи испушти три бода во завршницата, Сити и Евертон одиграа без голови

    Екипата на Манчестер Сити не успеа да слави на домашен терен против Евертон, играјќи реми без голови, во натпревар во кој голманите беа главни актери (0-0). Тоа особено важи за голманот на гостинската екипа, Тим Хауард, кој на крај беше човекот на натпреварот. Тој со неколку неверојатни одбрани беше најзаслужен за освоениот бод на екипата на Мартинез на тешкото гостување на „Итихад“. Јаја Туре во првото и Кун Агуеро во второто полувреме ги имаа најсериозните шанси за тимот на Пелегрини.

  • Ивановиќ прифати едногодишен договор со Челзи

    Бранислав Ивановиќ дал согласност за нов едногодишен договор со Челзи, само неколку недели откако одбиваше да потпише договор на краток период со клубот од „Стемфорд бриџ“.

  • Гвардиола им рече „извини“ на колегите од Премиер лигата

    Шпанскиот статег, Пеп Гвардиола, денес им се извини на своите колеги од англиската Премиер лига, заради коментарите дека ќе го напушти Баерн Минхен на крајот од сезоната и ќе се пресели во Англија. Тој изјави дека има голема почит за своите колеги и жали заради притсокот, кој го наметна врз нив.

  • Гвардиола ја одбил понудата на Абрамович уште минатиот месец

    Англиските медиуми синоќа пренесоа информација дека Јозеп Гвардиола во средината на декември минатата година имал разговор од неколку часа со сопственикот на Челзи, Роман Абрамович, но ја одбил единствена понуда која му била ставена на маса. Станува збор за плата од 12 милиони фунти по сезона, која тренерот на Барселона би ја добил доколку се согласи да го води тимот од „Стемфорд Бриџ“.

  • Абрамович со нова богата понуда за Џон Стоунс

    Роман Абрамович подготвува нова богата понуда за дефанзивецот на Евертон, Англичанецот Џон Стоунс. Првиот човек на Челзи за талентираниот репрезентативец на Англија е подготвен да плати 45 милиони фунти и во преговорите со Евертон ќе инсистира трансферот да се реализира што е можно поскоро.

  • Азар не е сериозно повреден: Две недели пауза и се враќа за дербито со Арсенал

    Еден Азар ќе отсуствува две недели од фудбалските терени, откако ги повреди препоните на мечот против Кристал Палас во неделата.

  • Челзи на шампионски начин го „прегази“ Кристал Палас

    Во претпоследниот натпревар од 20. коло во англиската Премиер лига, во градското дерби тимот на Челзи беше поуспешен од Кристал Палас, победувајќи со 3-0 (1-0). По двата нерешени натпревари, против екипите на Ватфорд и Манчестер Јунајтед, оваа победа е прва откако на клупата на актуелниот шампион седна Гус Хидинк.

  • Наместо да игра, пак ќе се лекува: Фалкао уште половина месец во аут

    Челзи ќе остане без Радамел Фалкао барем до средината на јануари, бидејќи Колумбиецот ќе оди на дополнителна рехабилитацијата на колкот. Гус Хидинк пред неколку дена најави дека напаѓачот не е подготвен за игра, но не се надеваше дека ќе претрпи нова повреда на истиот колк во обид пред време да се врати на терените. 

  • Кога го нема Мурињо, и докторката Карнеиро се враќа во Челзи

    Ева Карнеиро има големи шанси да се врати во Челзи. Убавата докторка родена во Гиблартар го напушти клубот по конфликтот со Жозе Мурињо, но сега кога тој не е веќе на „Стемфорд Бриџ“ не постојат пречки да не се врати на своето работно место.   Карнеиро се закани дека ќе го тужи Челзи поради незаконското разрешување и нарушување на угледот, но таа може да ги повлече судските постапки и да се врати на „Стемфорд Бриџ“ веќе од наредната недела.   Гус Хидинк изрази позитивни вибрации околу можното враќање на Карнеиро во медицинскиот тим на Челзи, што е уште една најава за вистинитоста на најавите.

  • Челзи ќе проба уште еднаш со Погба

    Екипата на Челзи испрати уште една понуда за играчот од средниот ред на Јувентус, Пол Погба. Французинот е приоритет за „сините“, кој досега на два пати беше поврзуван со тимот од Лондон, но претходните обиди на Абрамович завршија неуспешно.

  • Фабрегас следното лето заминува од „Стемфорд бриџ“

    Цеск Фабрегас ќе се раздели со Челзи следното лето, пишува таблоидот „Дејли мирор“.   Весникот тврди дека репрезентативецот на Шпанија не е недопирлив кај новиот менаџер Гус Хидинк. Холандскиот стратег има намера да ги користи двата дефанзивни фудбалери за врска Немања Матиќ и Џон Оби Микел, плус само уште еден фудбалер со креативни карактеристики.

  • Челзи добива нов член во нападот

    Тренерот Гус Хидинк во јануарскиот преоден рок својот тим најверојатно ќе го засили со напаѓачот Патрик Бамфорд. 22-годишниот Бамфорд во текот на сезоната настапуваше како позајмен играч од Челзи во Кристал Палас.

Pages