Не така одамна, пред нешто повеќе од три недели, Челзи со право го носеше епитетот кандидат за титулата, но крајот на 2021 година и почетокот на 2022 година донесоа агонија кај навивачите на „сините“. Започна со реми со Брајтон, продолжи со поделба на бодовите со Ливерпул (иако не беше лош резултат), а потоа со пораз од Манчестер Сити, до ново реми со тимот на Греам Потер. Челзи, значи, освои само три од можните 12 бода и даде повод да се престане со приказните за претендент за трофејот и да се родат оние кои го категоризираат како тим што ќе се бори само за пласман во Лигата на шампионите.