Тоа што не му успеа во шампионатот, македонскиот репрезентативец Дарко Велковски го оствари во Купот на Хрватска. Фудбалерите на Ријека пак се освојувачи на хрватскиот фудбалски Куп. Во финалето одиграно во Шибеник, со голот на Халиловиќ во 76. минута, Ријека славеше победа од 1-0 против изненадувањето на сезоната, Локомотива Загреб.