Фановите на Премиер лигата конечно го видоа вистинскиот Вест Хем оваа сезона. Новиот менаџер на „чеканите“, Мануел Пелегрини, цел месец трпеше многу критики од англиската јавност заради слабите резултати на тимот, па потоа беше „нападнат“ поради неговото заминување во Чиле кај семејството, за време на репрезентативната пауза, но по денешните 90 минути на „Гудисон Парк“ против Евертон, сигурно никој нема да се осмели да напише лош збор за еден од најдобрите стратези во модерниот фудбал.