Англиското дерби од 25. коло меѓу Вест Хем и Ливерпул имаше и трето полувреме, откако видливо беше незадоволство на двајцата менаџери при поздравот по завршувањето на натпреварот во Лондон. Нервозен беше Клоп, кој му замери на Чилеанецот за одреден детаљ од натпреварот, а потоа Пелегрини во обид да објасни, жестоко го нападна Германецот.