Една од најнепостојаните екипи во Премиер лигата, Вест Хем на чилеанскиот стручњак Мануел Пелегрини, им се врати на победите, откако во последниот саботен натпревар од 29. коло на Премиер лига го совлада Њукасл Јунајтед со 2-0 (2-0). Двете екипи се релативно безгрижни на средината на табелата, но „црно-белите“ не смеат да влезат во негативна серија, бидејќи брзо може да се најдат во опасната зона.