Бенјамин Демир е слободен фудбалер, откако, еден од најнадежните млади фудбалери минатата пролет во ПМФЛ, спогодбено го раскина договорот со Спартак Ждрепчева Крв од Суботица. Довчерашниот репрезентативец во речиси сите млади категории на Македонија, во Спартак дојде како засилување од Скопје во чии редови играше одлично минатата пролет, но не доби вистинска шанса.